Форумот се организираше од Институтот Макс ван дер Штул и студентите по италијански јазик. Темата на форумот беше „Креативност и дизајн“. Во рамките на ова одбележување на студентите им беа прикажани три кратки филма на тема креативност и инспирација. Во однос на темата на форумот проф.д-р Владимир Радевски одржа презентација со назив „ Креативност во компјутерските науки“,додека проф.д-р Ветон Латифи одржа презентација насловена „ Дали има креативност во дипломатијата?“.
Во тек на дебатата фокусира на студентите се дојде до заклучок дека креативност е движечка сила на животот и механизам за исполнување на амбициите. Сите од нас ја препознаваат потребата да бидат вклучени за да ја трансформираат креативноста во делување и така да придонесат за развој на културата во општеството во кое живееме.
Филмот кој покрена големо внимание беше филмот на познатиот италијански директор Ѓузепе Торнаторе „ Кореспонденција“ („La Corrispondenza“).
Исто така, на неделата на италијанскиот јазик се организираше изложба од делата на студентите преку која тие имаа можност да ја изразат креативноста.
На УЈИЕ се одбележа неделата на италијанскиот јазик
28 октомври 2016Во петок (21ви октомври 2016г.), на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје се одржа форум по повод неделата на италијанскиот јазик во светот.
Повеќе вести
- ИЗВЕСТУВАЊЕ
- УЈИЕ го одбележа успешното завршување на Еразмус+ проектот на меѓународен симпозиум во Анкара
- Летната школа „Common Sense Economics“ успешно се одржува на кампусот на ЈИЕУ во Тетово
- Вештачката интелигенција, иновациите и дигиталната трансформација во фокусот на традиционалната обука на кадарот на УЈИЕ
- Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 26 до 31 август
- УЈИЕ го поздравува основањето на Здружението на наставници и професори по економија на Северна Македонија
- УЈИЕ го зајакнува партнерството со ZBW – Leibniz Information Centre for Economics