кој се одржа во Универзитетот Вилниус, Литванија ( на прославата на 430та годишнина) од 23 до 26 август 2009 год.
На оваа сесија се презентираа осум трудови кои ги обработуваа развоите за управување на високото образование во Кина, Австралија, Канада, Холандија, Германија, Англија, Грција и Финска. Дискусиите вклучија начини за зголемување на автономијата на државните универзитети преку создавање универзитетски корпорации одделно од државата, нови методи на стратешко планирање во кои е вклучена 'wicki' технологијата, фактори кои влијаат на одлуките за учество во Институционалната програма за евалуација на Асоцијацијата на Европските Универзитети, стратешка преориентација на слабите институции и влијанието на политиката врз универзитетите. На форумот беа презентирани вкупно 80 трудови. Ректорот, академик Алајдин Абази и д-р Денис Фарингтон презентираа труд на 30иот форум на европската асоцијација за институционално истражување во 2008 година. Кадарот на ЈИЕУ е поттикнат да достави трудови за 32иот Форум кој ќе се одржи во Валенсија, Шпанија во септември 2010 година, со цел да се задржи профилот на Универзитетот , Република Македонија и факултетот на европското ниво на истражување.