Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ ја поздрави „Снепчет“ генерацијата

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф.д-р Замир Дика ги поздрави новите студенти на додипломски студии. Тој ја започна презентацијата , „ За многумина од вас, зборот „Ректор “ е првиот нов збор во вашиот нов студентски живот. Улогата на ректорот, е слична на онаа на директорот на училиштето од вашето средно образование. , значи ја претставувам институцијата која се грижи за да се одржат ветувањата кои вам ви се дадени во текот на студиите.“

На првата средба се пренесе посебна порака за новите студенти кои беа присутни во голем број во амфитеатарот. Според ректорот Дика, студентите на Универзитетот на Југоисточна Европа мора да се чувствуваат посебни затоа што ќе студираат во најмодерниот кампус , со услови на студирање кои би сакале да ги имаат и многу европски универзитети, и во институција посветена на мултикултурното, мултијазичното и мултиетничкото образование .

“Вие, денес на овој посебен ден ќе се чувствувате посебни исто како и во текот на сите овие години на студии бидејќи ќе студирате на Универзитет со најнапредните и најевропските стандарди на студирање во регионов. Со гордост можам да кажам дека нашите студии се хармонизирани со изворниот систем на таканаречениот „Болоњски процес“ – кој е синоним за најсодржајните реформи на високото образование во Европа. Вам ќе ви предаваат најпосветените професори и академски работници кои се обучени за да ви овозможат да стекнете знаења и компетенции користејќи ги најсовремените методологии на учење, ќе ве насочат, ќе ве водат, ќе ве советуваат, ќе ви помагаат за да се усовршувате систематски во текот на вашите студии“ истакана ректорот.

Ректорот Дика исто така ги истакна и најсофистицираните електронски и административни услуги во регионов, кои се дизајнирани за да се приспособат на начинот на живот на студентите.

Студентите за разлика од претходното образование на УЈИЕ ќе имаат можност за избор на предмети и ќе имаат повеќе индивидуални задачи и вежби и ќе соработуваат со своите колеги студенти, со користење на заедницата на електронските медиуми. Универзитетот нуди високо ниво на технолошка поддршка и иновација со цел процесот на студирање и пријавување да биде интерактивен.

Вреди да се спомене дека во текот на ориентационата недела новите студенти ќе се запознаат со инфраструктурата и услугите на Универзитетот, вклучително и на дизајнирањето на распоред, креирање електронски профил во електронските апликации итн.

Google+