Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Замир Дика истакна дека семинарите од овој вид , нудат различни практики и различни искуства за имплементирање на квалитет на Универзитетите.
„ Ние сме информирани за новите стандарди кои Универзитетите треба да ги исполнат во Европската високообразовна рамка . Нашиот Универзитет е посветен во оваа насока и со организирањето на овој семинар се покажува нашата ориентација кон Европските стандарди за квалитет во образованието,“ рече ректорот Дика.
Директорот на Европскиот регистар за обезбедување квалитет, Колин Туск ја истакна важноста од координирање на активностите за создавање поквалитетни услови во образованието.
„Тука јас го забележав посебното внимание на институциите и нивното согласување за продолжување на реализацијата на квалитет во високото образование,“ рече г.Туск.
На семинарот за квалитет учествуваа претставници од неколку универзитети во Република Македонија, членови на комисиите за само-евалуација, членови на Одборот за акредитација и евалуација, студенти и студентски организации, претставници од работодавците, меѓународни советници, академски и административен кадар.
