На состанокот дополнително на имплементацијата на постоечкиот билатерален договор ЕРАЗМУС+, се дискутираа и други аспекти на меѓу-универзитетска соработка.
Двајцата ректори ги дискутираа можностите за воспоставување соработка во размената на академски кадар и студенти како и заеднички програми за истражување и заеднички студиски програми. Во овој контекст, се очекува ректорот на Универзитетот во Истанбул да го посети УЈИЕ во септември каде што ќе се формализираат овие работи.
Во текот на посетата во Истанбул , ректорот Дика и професор Река остварија средба и со Техничкиот универзитет Јилдиз (основан 1911) и заменик- ректорот , проф. д-р Месут Гунер и потпишаа договор за меѓууниверзитетска соработка.
Делегацијата од УЈИЕ имаше состаноци со академскиот кадар на Правниот факултет во Истанбул. На состаноците присуствуваа проф.д-р Абдула Изамоглу, како и со Катедрата за политички науки на „Техничкиот универзитет Јилдиз“. Во оваа прилика тие остварија и средба со проф.д-р Мехмет Хаерсалиоглу, експерт на Балканот.
