Церемонијата оваа година беше збогатена со присуството на министерот за образование, г. Пиштар Љутфиу, амбасадорот на Обединетото Кралство Н.Е. Чарлс Гарет, амбасадорот на Иран во Македонија Н.Е. Саид Садег Мохамади и други гости.
Претседателот на Одборот на УЈИЕ, проф. д-р Денис Фарингтон рече дека во ноември оваа година нашиов Универзитет официјално ќе ја одбележи 15-годишнина од основањето.
„Денес се работи за вас и за вашата иднина. Се надеваме дека ќе размислите и ќе го одразите тоа со вашиот придонес за вашата држава и за вашата заедница. Нашите дипломци се вработени на високи позиции во јавниот и во приватниот сектор во Република Македонија и Косово и насекаде и вие може да ги следите нивните чекори“,рече професорот Фарингтон.
Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф.д-р Замир Дика ги поттикна дипломците да бидат горди на својот Универзитет.
„Пред вас денес и заедно со вас емотивно ја чувствувам радоста, но и одговорноста што од сега, понатаму вие ќе ја имате во патешествието кон стекнувањето нови искуства. Во исто време, заедно со вас ја чувствувам восхитувачката енергија што зрачи и се рефлектира од вас – со она што сте го апсорбирале како знаење и искуство од вашите професори. Сигурен сум дека ќе продолжите да нѐ правите горди со своите достигнувања. Јас цврсто верувам дека дипломираните на Универзитетот на Југоисточна Европа ја менуваат нашата реалност преку дванаесеттата генерација, која со интелектуалниот капацитет ќе биде уште помоќна во управувањето на овој брод кон водите на евроатлантските вредности“, истакна ректорот Дика.
Министерот за образование и наука на Република Македонија, г. Пиштар Љутфиу рече дека Министерството ќе го поддржи Универзитетов во образовните и научноистражувачки процеси.
„Денес се чувствувам привилегиран, бидејќи имам можност да се обратам пред дипломираните студентите од Универзитетот кој е еден од најдобрите рангирани високообразовни установи во земјава и во регионов. Овој универзитет е промотор на промени и прогресивни идеи за подобрување на квалитетот на високото образование. Промотор на националните и на демократските вредности. Центар за стекнување знаење и аренана конкуренција за поголемквалитет“,рече министерот Љутфиу.
Амбасадорот на Обединетото Кралство, Н.Е. Чарлс Гарет, изрази задоволство што е повторно на УЈИЕ и напомена дека има огромна почит кон оваа институција, истакнувајќи дека е и голем обожавател на Тетово.
„Јас многу ви завидувам. Со дипломирањето вие се здобивте со алатка да излезете и да ги барате тие можности. Тоа не значи да одите во поширокиот свет, иако за некои од вас може и дипломатијата да е вашата идна определба. За повеќето од вас, вие ќе ја направите разликата тука во Македонија. Невозможно е да се каже каде и кога ќе ви се укаже можност. Можеби тоа ќе биде тука во Тетово. Можеби во Лондон или во Париз. Можеби во Хонг Конг. Но кога ќе ги откриете, бидете подготвени, бидете брзи, а не бавни!,“ рече амбасадорот Гарет.
Во името на студентите од оваа генерација Флоја Златку, од Факултетот за јазици, култури и комуникација (Катедра за меѓународни комуникации), се обрати на публиката. Г-ца Златку се заблагодари на родителите и на професорите за поддршката која им ја давале.
„Сакам да ги поздравам нашите почитувани професори и да им се заблагодарам за нашата мотивација и инспирација. Вие почитувани професори ги исполнивте нашите очекувања и ги потврдивте вредностите на овој Универзитет“, истакна таа.
На студентите со највисок кумулативен просек им беа доделени сертификати за посебно признание по факултети.
