Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Меморандум за соработка помеѓу Универзитетот на Југоисточна Европа и Министерството за правда на Македонија

Во среда (26 мај 2016 година) се потпишa меморандумот за соработка помеѓу Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) и Министерството за правда на Македонија, од ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика и министерот за Правда, м-р Валдет Џафери.

Предмет на овој Меморандум за соработка е обезбедување на стручна поддршка од страна на Министерството за правда во оспособувањето на кадар за полагање на правосуден испит на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Министерството за правда се обврзува по потреба да обезбеди стручни лица од редот на вработените во Министерството за правда кои со свои стручни знаења ќе учествуваат во оспособување и подготовка на кандидатите за полагање на правосуден испит на Правниот факултет при Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Министерството за правда по барање на Универзитетот на ЈИЕ ќе дава информации во однос на содржината на правосудниот испит како и сите измени односно дополнувања на законот за правосуден испит, начинот на полагање како и други важни прашања поврзани со полагањето на правосудниот испит.

Начинот на оспособување на кандидатите и сите други прашања во врска со одржување на предавања по однос на правосудниот испит ќе се уреди со акт на Универзитетот.

Google+