Приближно 100 професори учествуваа на семинарот на кој се обработуваа темите од област на информациските и комуникациските технологии, како што се: „ALMOOCAlbanian Massive Open Online Courses– он-лајн содржини за училиштата“, „Он-лајн алатки за предавање и за учење“ и „Користење Гугл апп за подобрување на наставата“.
Во името на ректорот, семинарот го отвори неговиот советник, д-р Демуш Бајрами, кој рече дека симбиозата меѓу универзитетите и професорите од средните училишта на УЈИЕ е на највисоко можно ниво, а доказ за тоа се и обуките од овој вид.
„Оваа обука им овозможува на професорите од средните училишта се стекнат практични и теоретски знаења од областа на компјутерските науки и тоа да го пренесат на своите студенти“, рече д-р Бајрами.
Следниве професори од УЈИЕ предаваа на горенаведените теми: проф. д-р Артан Љума, проф. д-р Ментор Хамити, доц. д-р Јаумин Хајдари, доц. д-р Марика Апостолова и експертот Ридван Бунјаку. На сите професори кои учествуваа на обуката им беа доделени сертификати.
