Директорот на Институтот на УЈИЕ „Макс ван дер Штул“ проф. д-р. Ветон Љатифи го претстави својот научен труд во Универзитетот Колумбија во Соединетите Американски Држави на 2. Светска Конвенција на Асоцијацијата на националните студии, на која учесници беа познати научници и професори од областа на меѓународните односи и политичките науки од неколку земји од светот. Во своето предавање во Универзитетот Колумбија на 16. април, проф. д-р. Ветон Латифи ги претстави своите идеи во врска со популизмот на националните дискурси и рефлектирањето на меѓу државните спорови во политичката реторика.
Претходно, на 14 април, тој одржа едно предавање во Универзитетот на Њујорк. Пред студентите на последипломски студии на Универзитетот на Њујорк, проф. д-р Ветон Љатифи предаваше во врска со концептите на современото државотворство спроти градењето на националните идентитети, улогата на меѓународната заедница во овој процес, како и пристапите на американската надворешна политика во практиките на современото државотворство и мировните процеси.
За време на престојот во САД, на 15 април во просториите на познатата организација Ватра во Бронкс се одржа и промоцијата на последната книга на Проф. д-р Ветон Љатифи „Новиот век на албанската политика“.
Проф. д-р Ветон Љатифи предаваше во САД на Универзитетот Колумбија и Универзитетот на Њујорк
20 април 2016Во своето предавање во Универзитетот Колумбија на 16. април, проф. д-р. Ветон Латифи ги претстави своите идеи во врска со популизмот на националните дискурси и рефлектирањето на меѓу државните спорови во политичката реторика.
Повеќе вести
- ИЗВЕСТУВАЊЕ
- УЈИЕ го одбележа успешното завршување на Еразмус+ проектот на меѓународен симпозиум во Анкара
- Летната школа „Common Sense Economics“ успешно се одржува на кампусот на ЈИЕУ во Тетово
- Вештачката интелигенција, иновациите и дигиталната трансформација во фокусот на традиционалната обука на кадарот на УЈИЕ
- Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 26 до 31 август
- УЈИЕ го поздравува основањето на Здружението на наставници и професори по економија на Северна Македонија
- УЈИЕ го зајакнува партнерството со ZBW – Leibniz Information Centre for Economics