Во книгата се анализираат статутите на различните религиозни заедници како резултат на внатрешни норми за само-регулирање.
Проректорот за меѓународни односи на УЈИЕ, проф. д-р Блерим Река рече дека книгата се појавува во критично време кога религијата се злоупотребува и се политизира, исто така и во време на национализација на религијата и нејзина милитаризација.
Во презентацијата авторот наведува дека „религиозните конфликти се случувале во регионов но не во Албанија поради секуларизмот на системот кој придонел за развојот на плурализмот и толеранцијата помеѓу членовите на различните религии“.
Авторот е истражувач во областа компаративно право, црковно право и човекови права, како на односот меѓу религијата и државата во Албанија.
