Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ ги отвори вратите за сите матуранти

Универзитетот на Југоисточна Европа ги отвори вратите за матурантите кои се заинтересирани да студираат на еден од петте факултети на овој Универзитет.

Во сабота (9. април) на традиционалната манифестација - Отворен ден учествуваа голем број заинтересирани студенти и членовите на нивните семејства од Македонија, од Косово, од Албанија, од Црна Гора , од Прешевската долина како и многу други места.

„Денес ние им посакуваме добредојде на Кампусот на Универзитетот на ЈИЕ на матурантите кои се пред завршување на нивното средно образование. Тие доаѓаат од Косово, Прешевската долина, од цела Македонија и од Албанија и се заинтересирани да бидат студенти на УЈИЕ. Во текот на Отворениот ден студентите се информираат за статусот на Универзитетот и за правата и обврските кои ќе ги имаат како студенти. Пред се, тие се информираат за студиската понуда на УЈИЕ . Оваа година во просториите на УЈИЕ со помош на академскиот кадар – локални и меѓународни професори- има место да се функционира според европските и американските модели за околу 1300 студенти“, рече д-р Демуш Бајрами, советник на ректорот.


Оваа година на Универзитетот на Југоисточна Европа ќе се примат 10 проценти повеќе студенти во споредба со претходните години и тоа на следниве факултети: Правен факултет, Факултет за бизнис и економија, Факултет за јавна администрација и политички науки, Факултет за современи науки и технологии и Факултет за јазици, култури и комуникација .

Дел од манифестацијата беа и многубројните активности како што се Јазичниот саем организиран од Јазичниот центар при УЈИЕ,активностите на студентскиот парламент и богата културно-забавна програма. Исто така, имаше и наградна игра со решавање анаграм на која на 10 матуранти им беа доделени мобилни телефони.

Google+