Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Студентите од меѓународни комуникации следеа предавање од познатиот професор Сотиропулос

Познатиот балкански професор Димитрис Сотиропулос од Универзитетот во Атина одржа едно предавање пред студентите на меѓународни комуникации на УЈИЕ на 05 април 2016 (вторник) во кампусот во Тетово.

Тој предаваше во врска со демократијата во светот денеска со посебен осврт во значењето на меѓународните комуникации. Предавањето на професорот Сотиропулос пробуди голем интерес меѓу студентите на меѓународни комуникации со оглед на фактот дека тој го сподели со нив неговото искуство и експертизата на темата стекнато од разни универзитети во САД и во Велика Британија, вклучувајќи го Универзитетот за Економија во Лондон (каде што тој магистрирал) и Универзитетот Јеил (каде што докторирал).

Студентите по меѓународни комуникации покажаа голем интерес и беа прилично активни посебно во вториот дел од предавањето при што се вклучија и во една интерактивна работилница на тема за современата демократија низ светот и улогата на меѓународните комуникации.

Google+