„ Утврдување на реален потенцијал за имплементација на мерките за подобрување на квалитетот на воздухот во Општините Кичево и Кавадарци“ и „Утврдување на научна методологија за поддршка на иницијативата за прогласување на Шар Планина како Национален Парк“ се називите од овие два проекти . Универзитетот на Југоисточна Европа, Институтот за животна средина и здравје, ќе обезбеди експертиза и реализација на проектите, додека министерството за животна средина и просторно планирање ќе обезбеди финансии за реализацијата.
„Универзитетот на Југоисточна Европа продолжува активно да биде вклучен во давањето придонес за подобрувањето на животната средина во Република Македонија и решавање на проблемите со загадувањето, особено преку обезбедување научна експертиза и долгорочни решенија на овие проблеми со кои секојдневно се соочуваме“ рече ректорот Дика.
Министерот Изаири ја истакна важноста од соработката помеѓу Универзитетот и министерството за решавање конкретни проблеми во областа на екологијата“. „Јас сакам да се заблагодарам на УЈИЕ за подготвеноста и безрезервното вклучување на кадарот и научните институти во имплементацијата на овие проекти“ истакна тој.
Се одржа тркалезна маса на тема: „Мерење на квалитетот на воздухот“ и за проектните вредности за прогласување на шар планина за национален парк. На овој настан присуствуваа претставници од Општина Тетово и градоначалникот на Општина Кавадарци г. Александар Панов.
