Трудот на проф. д-р. Ветон Љатифи го согледуваше рефлектирањето на бегалската криза кон меѓународната безбедност елаборирајќи притоа зошто оваа криза треба да се третира како проблем поврзан со системот на меѓународната безбедност? Тој ги скицираше новите модели на меѓународната безбедност во рамките на меѓународните односи како резултат на актуелната криза со бегалците, кризата во Сирија и тензиите меѓу Турција и Русија, како и нивните импликации за надворешните предизвици и приоритети на Европската Унија. Дискутирајќи го геополитичкото согледување на бегалската криза и политичките импликации, во својот говор професорот Љатифи ги елаборираше можните сценарија како бегалската криза би влијаела кон европските перспективи на одредени региони, вклучувајќи го и Балканот...
Проф. д-р. Ветон Љатифи го презентираше својот труд во Европскиот Парламент
8 март 2016Директорот на Институтот на УЈИЕ „Макс ван дер Штул“ проф. д-р. Ветон Љатифи, на 01 март 2016 година, го презентираше својот труд во Европскиот Парламент во Бисел на тема: „Меѓународната безбедност, геополитичкиот контекст и политичките импликации на бегалската криза“.
Повеќе вести
- ИЗВЕСТУВАЊЕ
- УЈИЕ го одбележа успешното завршување на Еразмус+ проектот на меѓународен симпозиум во Анкара
- Летната школа „Common Sense Economics“ успешно се одржува на кампусот на ЈИЕУ во Тетово
- Вештачката интелигенција, иновациите и дигиталната трансформација во фокусот на традиционалната обука на кадарот на УЈИЕ
- Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 26 до 31 август
- УЈИЕ го поздравува основањето на Здружението на наставници и професори по економија на Северна Македонија
- УЈИЕ го зајакнува партнерството со ZBW – Leibniz Information Centre for Economics