Проректорот Река го презентираше трудот со назив „ Предизвиците на енергетската геополитика на Балканот“, во кои се анализираат најновите геостратешки развои во Балканот.
Врз основа на овој развој во регионов се очекува „Турскиот поток“ да падне а Русија да се преориентира кон „Северниот поток“ (преку Германија), доколку тоа го дозволи „третиот енергетски пакет“ на ЕУ.
По овие опширни енергетски сценарија, трите главни снабдувачи (Русија, Азербејџан и Иран) би конкурирале со еден друг и трите транзит држави би биле од клучно значење ( Турција, Грција и Албанија), рече Река реферирајќи се на неговиот труд кој се однесува на енергетската геополитика на Балканот.
Конференцијата во Гермија е годишна конференција која ја организира министерството за надворешни работи во Косово, во соработка со Институтот Аспен, во кој учесниците се познати политичари, меѓународни експерти и новинари.
