„Оваа година успеавме да реализираме упис 10% повисок од претходната година. Ова е главна мотивација да продолжиме на патот нудејќи квалитетна настава, научно истражување и соработка на пазарот на трудот во рамките на стратегијата за интернационализација,“ рече Дика. Тој го истакна фактот дека досега на Универзитетот дипломираа 11500 студенти а тековно студираат над 4000 студенти. Оваа година понудивме 15 програми на првиот циклус на студии , 26 програми на вториот циклус и 12 програми на третиот циклус на студии.
„ Новитет за новата академска година се двете студиски програми - Применети компјутерски науки во соработка со престижниот Универзитет Ковентри и програмата Економија и менаџмент во соработка со Универзитетот во Лондон.“
„ Во рамките на Институтот за животна средина и здравје, Универзитетот во соработка со Министерството за животна средина реализираат проект за изградба на мобилни станици за мерење на параметрите на воздухот во регионот на Тетово. Ова ќе придонесе за научните податоци кои се однесуваат на загадувањето на воздухот во Полошкиот регион. Во оваа насока продолжува и имплементацијата на Климатскиот акционен план , според кој е изградена и единствената еколошка постројка за централно греење и еколошките соларни панели за производство на електрична енергија“.
За идните планови ректорот Дика рече: „ Ние ќе продолжиме со поддршка на научното истражување преку проектите како Хоризонт 2020; ние ќе продолжиме со надворешната меѓународна ревизија на нашите студиски програми и со промоција на студиските програми интегрирани со практика.“
Советникот на ректорот за односи со јавност и комуникации, Демуш Бајрами се заблагодари на новинарите за нивната работа и точното информирање за нашиот Универзитет.
„ Во текот на оваа година ние имавме многубројни настани и благодарение на вас – претставниците од медиумите овие настани беа претставени и на пошироката јавност“ рече Бајрами.
Квалитетот заштитен знак на УЈИЕ
24 декември 2015Во средата (23.12.2015г.), во УЈИЕ Тетово, во рамките на традиционалниот состанок со медиумите, ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика во своето обраќање меѓу другото истакна „Нашиов Универзитет е единствена високообразовна институција во регионов и во Европа која реализираше повисок број на упис на студенти во споредба со минатата година“.
Повеќе вести
- УЈИЕ домаќин на панел-дискусијата за предизвиците поврзани со родовата еднаквост и улогата на жените во општеството
- УЈИЕ и Министерството за здравство ја формализираат соработката за научни истражувања и стручно усовршување во здравствениот сектор
- Ректорот Ибраими оствари средба со амбасадорката на НР Кина
- Ректорот Ибраими се сретна со холандската амбасадорка: УЈИЕ е успешна приказна за меѓународната заедница
- Универзитетот на Југоисточна Европа активно учествува во дебатата за реформите во високото образование
- Дијалог за дигиталната иднина: „Глобален дигитален град“ отворен на УЈИЕ
- УЈИЕ учествуваше на јавната дебата за Предлог - законот за високото образование