Во активноста беа вклучени петте универзитети во Република Македонија;универзитетот домаќин избра два кривични случаи од пракса и ги распредели задачите за сите факултети. Петте студенти од УЈИЕ беа: Фатиме Билали – судија, Енкелеј Ајази –адвокат, Дритан Даути – сведок, Едона Идризи – сведок и Амет Исмани –административен секретар.
Овој настан беше за прв пат организиран и оваа година немаше натпреварувачки карактер , но според организаторите се очекува во иднина да биде натпреварувачки. Потоа секој факултет ќе симулира судење и потоа на крајот најдобрите ќе бидат победници.
Двете асистенти-докторанди Ведије Раткоцери и Блерта Арифи рекоа дека учесниците од УЈИЕ се истакнаа со својата креативност, нивната професионлна подготвеност и особено во симулацијата на улогите и комуникацијата во состојбите кога работите одеа надвор од сценарио.
На крајот на сите учесници им беа доделени сертификати.
