Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Студентот од УЈИЕ Артан Џемаили ја освои првата награда за најдобар бизнис-план

Артан Џемаили од Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) ја освои првата награда за најдобар бизнис-план за започнување на бизнис на натпреварот „Биди перспективен започни свој бизнис“ организиран од Министерството за економија на Република Македонија.Неговиот проект беше за проширување на пазарот на трудот од локално на глобално ниво.

„Сакам да се заблагодарам на министерството за економија за дадената можност за започнување нов бизнис и за достигнување на нашите цели “ рече г. Џемаили.

Според ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика добро е што институциите успеаја да соработуваат на високо ниво , а министерството за економија го достигна ова преку иницијативи за поттикнување на студентите да започнат со нивните бизнис идеи. „Оваа иницијатива создаде нови мостови меѓу универзитетите и деловната заедница, особено во однос на нашето искуство, каде многу идеи кои произлегуваат од нас функционираат како успешни бизнис компании“, рече ректорот Дика.

Министерот за економија, Беким Незири вети дека ќе продолжи да ги поттикнува студентите да се движат успешно кон иднината.

На настанот беа присутни следниве ректори: проф. д-р Замир Дика –Универзитет на Југоисточна Европа,проф.д-р Велимир Стојковски –„св. Кирил и Методиј“ и проф. д-р Вулнет Ахмети од ДУТ.

Покрај г. Џемаили, кој ја освои првата награда од 330 илјади денари победници беа и Филип Лаовски (Давање под наем на движен имот, изнајмување на електро - тротинети и скутери) – втора награда во вредност од 230 илјади денари; Мартин Димовски (Ју–дизјан) – трета награда 130 илјади денари Петрит Рамадани (Алтернативен маркетинг) – четврта награда 100 илјади денари; и Назмије Мерко (Банка за чување на злато) – петта награда 60 илјади денари.

Google+