Во предавањето судијата Хинохоса ја објасни еволуцијата на процесот на одредување казни во САД, истакнувајќи ја важноста на упатствата за мерење на санкциите. Во овој контекст тој елаборираше, поврзувајќи го процесот со тековните процеси на реформа на правниот систем во Македонија.
Имајќи го предвид фактот дека во 2014г. беше усвоен Законот за мерење на санкциите, во рамките на ова предавање беше опфатена и тековната тема за реформите на правниот систем и за кривичното право во Македонија. Студентите поставуваа различни прашања кои се однесуваа на работата и на искуството на судијата Хинохоса, кој во својата 32-годишната кариера како судија бил член и на Комисијата за одмерување на санкциите во САД.
Ова предавање беше организирано во соработка со Правниот факултет на УЈИЕ, со Бирото за меѓународни наркотици и со службата за засилување на правото, која функционира во Амбасадата на САД во Скопје.
