Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Проректорот Река учествуваше на меѓународна конференција во Тирана

Проректорот Река учествуваше на меѓународна конференција во Тирана

Проректорот за меѓународни односи, проф. д-р Блерим Река учествуваше на конференција во Тирана на 27. и 28. ноември. Темата на конференцијата која се одржа на Универзитетот Њујорк во Тирана беше „ Транзицијата во ретроспектива: 25 години од падот на комунизмот“

На конференцијата учествуваа околу 300 истражувачи од целиот свет. Конференцијата ја отвори проф.д-р Клаус Офе, професор емеритус од Школата за управување Херти од Берлин и проф.д-р Мајкл Кенеди од Универзитетот Браун, САД. Исто така, поздравен говор имаше и ректорот на Универзитетот Њу Јорк, проф.д-р Фатос Тарифа.

Проф. Река го презентираше трудот „ Од пост-комунистички до нелиберлани елити на Западен Балкан и геополитичките последици“.Апстрактот од трудот беше објавен во книгата на апстракти од конференцијата и ќе се издаде како целосен труд во меѓународното списание „Глобални трендови“ во Париз, во март 2016 година.

Google+