Во своето обраќање, ректорот на УЈИЕ проф.д-р Замир Дика рече: „Идеалите на празникот на знамето ќе служат со децении на генерациите, одржувајќи го чувството на патриотизам и на визијата со цел да ја видат иднината поразлична од предците. Во духот на овие идеали, помеѓу Албанците има постојана желба да се натпреваруваат со цивилизираниот свет преку знаења, култура и образование.Нашиов Универзитет случајно основан во ноември, не побегна од овој натпревар, но работеше со иста посветеност и кодови на цивилизација како и на оние вклучени во ноември на независноста. Во нашиов образовен проект ние ги здруживме нашите аспирации со Европските развојни трендови во нашата култура на размислување и однесување преку интегрирање на мултиетничката димензија во овие аспирации“.
Советникот на ректорот за односи со јавност и комуникација Демуш Бајрами рече: „Среќа е што во нашата национална историја и култура имавме истакнати колоси кои со својата широка посветеност во политичкото и културното движење на времето успеаја да реализираат конкретни проекти кои станаа модели на национланата, културна и политичка филозофија“.
Студентите од Факултетот за јазици, култури и комуникација беа ангажирани за уметничкиот дел на манифестацијата како и гудачко трио од Тетово кое изведе музички нумери со албански мотиви.
