Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Проректорот за меѓународни односи проф.д-р Блерим Река учествуваше на Светскиот научен форум

Проректорот за меѓународни односи проф.д-р Блерим Река учествуваше на Светскиот научен форум (Будимпешта, 3-7 ноември) најголем научен форум кој се организира на секои две години. Тој беше единствениот поканет претставник од Република Македонија.

На светскиот научен форум има околу 900 научници од сите делови на светот вклучително и на јапонскиот добитник на нобелова награда Хироши Амано од Универзитетот во Нагоја, кој беше еден од главните говорници.

Форумот го отворија претседателот на Унгарската академија на науки Ласло Ловаш и Унгарскиот премиер Виктор Орбан и преку видео порака од седиштето на ОН од Њујорк од генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун. Исто така обраќање на форумот имаше и Ирина Бокова генерален директор на УНЕСКО.

Проректорот Река оствари средби и дискутираше за соработка со УЈИЕ со учесници од многу универзитети и Академијата на науки меѓу кои со тројца претседатели на Академијата на науки ( Унгарија, Јужна кореа и Турција) , потоа професори од САД, ЕУ и Азиските Универзитети како со Универзитетот во Бостон, Колеџот Вилмигтон, Универзитетот во Охајо, Универзитетот во Мастрихт, Институтот за науки и технологии во Виена, Националниот Универзитет во Сеул, Јужна Кореа, Советот за истражување на Султанот на Оман итн.

Google+