Обуките се изведоа во различни сесии, од кои најголем дел се одржаа во Кампусот во Тетово, додека некои се одржаа на Попова Шапка.
Во своjaта презентација, ректорот на УЈИЕ проф. д-р Замир Дика ги истакна важноста на квалитетот и потребата за подготвување кадар кој ќе биде во согласност со глобалните технолошки развои.
Ректорот на УЈИЕ го презентираше своjот преглед на минатите и на идните приоритети кои се фокусиран и на академската слобода и на кохезијата на очекувањата на пазарот на трудот. „Јас сметам дека Универзитетот создаде одржлив систем за создавање академска понуда која динамично ги следи развоите на пазарот на трудот“, рече Дика.
Во рамките на обуките за академскиот и за административниот кадар се одржаа неколку работилници како: преглед на минатите и на идните приоритети, организационо однесување и ефективен менаџмент, планирање на делувањата - успеси, предизвици и приоритети.Канцеларијата за обезбедување квалитет, а особено извршниот советник за квалитет, г-ѓа Хедер Хеншоу ги надгледуваa обуките.
Добро познати експерти од своjaта областа, како академик Абдулменаф Беџети, Светозар Јаневски, членови од менаџментот на Универзитетот и професори одржаа предавања во рамките на програмата за обука.
Обуките на кадарот се одржуваат секоја година и имаат за цел постојан развој и понатамошно подобрување на квалитетот на кадарот. Темите за обука се изведуваат од процедурата за самоевалуација која секој член на кадарот ја пополнува на годишно ниво. Ова е петти пат целиот кадар од Универзитетот на Југоисточна Европа дa следи заеднички сесии за обука надвор од Кампусот на Универзитетот.
