Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Јавна презентација за прогласување на Шар Планина за „заштитено подрачје“

Во вторникот (30 јуни 2015), беше одржана јавна презентација на активностите за прогласување на Шар Планина за „заштитено подрачје“. Ова беше организирано од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија и од Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) - Институт за животна средина и здравје, кој е во својство на домаќин.

На овој настан беше презентиран и проектот на Министерството - „Постигнување заштита на биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитените подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирањето на намената на земјиштето“, кој се спроведува со поддршка на УНЕП, канцеларијата во Виена, а финансиски е поддржан од Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ).

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Замир Дика, ги поздрави гостите. Во воведниот говор тој ја истакна важноста од вклучување експерти од универзитетите во секоја иницијатива која се однесува на проекти и активности кои се посветени на пошироката заедница на граѓани .

„Прогласувањето на Шар Планина за национален парк треба да се разбере како намера за обезбедување развој и за унапредување на целокупната состојба и на потенцијалот на нејзините природни вредности, но, исто така, и за обезбедување правилно управување и одржливо искористување“, рече министерот за животна средина, Нурхан Изаири.

Меѓу другите на настанот присуствуваа и Теута Арифи, градоначалничка на Општина Тетово, Томас Мајкл Баер, амбасадор на Австрија, претставник од канцеларијата на УНЕП во Виена, Пјер Карло Сандеи и други видни претставници од научната јавност, градоначалници и претставници на општините кои гравитираат кон оваа подрачје, претставници на невладини организации и медиуми.

Настанот беше организиран со цел сите засегнати страни, уште во раната фаза, да се вклучат во активностите што ги преземаат Министерството и Владата на Република Македонија во однос на заштитата на Шар Планина.

Пред официјалното започнување на настанот ректорот Дика имаше работна средба со министерот Изаири.

Google+