Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Проф.д-р Изет Зеќири избран за придружен член на МАНУ

Проф.д-р Изет Зеќири избран за придружен член на МАНУ

Од 22ри јуни 2015, проф. д-р Изет Зеќири е меѓу петте нови придружни членови на Македонската Академија на Науките и Уметностите (MАНУ), во областа на општествените науки, проф.д-р Зеќири беше избран на 18. Изборно собрание на Академијата кое се одржа на 17ти јуни 2015 година.

Професорот Зеќири е предавач на Факултетот за бизнис и економија на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ).Другите четворица избрани придружни членови се Марјан Марковиќ, Драги Ѓорѓиев, Александар Димовски и Сашко Кедев, сите од различни научни области.

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Замир Дика и членовите на Извршниот тим на ректорот му честитаат на професор Зеќири на изборот, оценувајќи го како научен придонес за Универзитетот и како индикатор за значаен придонес во истражувањето во целина.

Претседателот на МАНУ, академик Владо Камбовски рече дека новите членови на Академијата се избрани за да се соочуваат со предизвиците на модерното време и тие ја збогатуваат академијата.

Google+