Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Дипломираа студентите од единаесеттата генерација на УЈИЕ

Во сабота (13 јуни 2015 год.), апсолвентите на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) парадираа пред своите родители и професори, како дел од церемонијата на единаесеттата. генерација.

На церемонијата учествуваародителите од студентите и официјални претставнициод Општина Тетово и министерството за образование и наука. Церемонијата започна со универзитетската химна која ја изведе хорот од Скадар под диригентската палка на композиторот и диригент Зеф Чоба
„Денес, пак сме заедно одблиску да го оцениме резултатот што заедно го создадовме. Нема поголема гордост за едно општество од тоа на денешнината и на иднината да им ја подариш енергијата на една генерација која е воспитана во духот на модерниот развој на образованието за кој претендира и нашиов Универзитет. Од основањето со помош на нашите меѓународни пријатели и со начинот како функционира овој Универзитет но и со влијанието што го имаат нашите дипломирани во општеството покажа континуирана посветеност за да служи на промовирањето на знаењето и на напредокот. Се чувствувам пријатно денес после 14 години да ја соопштам конечно и реализацијата на финансиската поддршка на нашиот Универзитет од државниот буџет“ рече ректорот на УЈИЕ проф.д-р Замир Дика.

Министерот за образование и наука г. Абдилаќим Адеми присуствуваше на церемонијата на XI генерација дипломци.
„Денес се чувствувам привилегиран затоа што ми се дава можноста да се обратампред дипломираните студенти на Универзитетот рангиран меѓу најдобрите институции на високото образование воземјата и во поширокиот регион“ рече Адеми. Тој исто така исткна дека универзитетов е промотор на промени и прогресивни идеи за подобрување на квалитетот на високото образование.
„Исто така, се чувствувам сигурен дека иднината на албанскиот народ во Македонија е во рацете на мудрии талентирани млади луѓе кои може да се соочат со предизвиците на времето, и да бидат еднакви во секојаарена на општествениот живот со своите врсници во нашата земја, но и во други земји“ рече Адеми.


„Нашиот академски кадар разви единствена високообразовна институција тука во Република Македонија, тие ви овозможија образование споредливо со другите европски држави и се надеваме дека ќе го искористите ова не само за ваша корист туку и за другите“ рече во своето обраќање претседателот на Одборот на Универзитетот проф. д-р Денис Фарингтон.

Во името на студентите на генерацијата се обрати Аделина Асани од Факултетот за бизнис и економија.Г-ца Асани се заблагодари на родителите и професорите за поддршката која и ја обезбедија.

„ Затворивме едно поглавје во нашите животи, но книгата е се уште незавршена. Универзитетот на Југоисточна Европа не опреми со хартија и моливи, за ние да можеме да продолжиме да ги пишуваме следните поглавја, и така од нашите книга да направиме Best Seller.На ова патување, ние имаме уште многу скали за искачување. Ова е само почетокот“ рече таа.

На сите студенти со највисок просек на оценки, избрани од секој факултет им се даде признание за посебно достигнување.

Google+