Тим од ЈИЕУ составен од Вероника Карева и Кујтим Рамадани од Јазичниот центар, како и студентот Хусејн Идризи од Факултетот за компјутерски науки и технологии, беше селектиран да ја претставува Македонија на меѓународен едукативен натпревар во Будимпешта, од 4до 8 мај, каде ја освои првата награда од електронското гласање, меѓу 15 тимови од други држави. Натпреварот, организиран од американската јазична регионална канцеларија за Централна и Југоисточна Европа и спонзориран од Стејт Дипартментот, се состоеше од креирање на мобилна апликација за учење англиски која ќе содржи и елементи на социјална одговорност. Апликацијата за која тимот на ЈИЕУ доби награда се вика „Искажете го своето мислење“ и има за цел да ја подигне свеста кај тинејџерите од цел свет за протестирањето како начин на изразување на негодување или поинакво мислење, на соодветен, цивилизиран и демократски начин.
Тим од ЈИЕУ добитник на награда на натпревар спонзориран од американскиот Стејт Дипартмент
14 мај 2015Тим од ЈИЕУ добитник на награда на натпревар спонзориран од американскиот Стејт Дипартмент
Повеќе вести
- ИЗВЕСТУВАЊЕ
- УЈИЕ го одбележа успешното завршување на Еразмус+ проектот на меѓународен симпозиум во Анкара
- Летната школа „Common Sense Economics“ успешно се одржува на кампусот на ЈИЕУ во Тетово
- Вештачката интелигенција, иновациите и дигиталната трансформација во фокусот на традиционалната обука на кадарот на УЈИЕ
- Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 26 до 31 август
- УЈИЕ го поздравува основањето на Здружението на наставници и професори по економија на Северна Македонија
- УЈИЕ го зајакнува партнерството со ZBW – Leibniz Information Centre for Economics