На оваа конференција се истакна зајакнувањето на регионалната и меѓународната соработка преку размена на искуства и најдобри практики помеѓу Косово и поширокиот регион во областа на високото образование и истражувањето.
На оваа конференција присуствуваа министрите за образование на Косово— Арсим Бајрами, на Албанија Линдита Никола и на Македонија— Абдилаќим Адеми; кад и ректорите на универзитети од Косово, од Албанија и од Македонија.Помеѓу присутните беше и ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), проф. д-р Замир Дика кој во презентацијата се фокусираше на постоечките финансиски модели и дилеми. Преку компаративен пристап, тој го оцени менаџментот со школарините од студентите во Европа и во САД. Тој ги презентираше целите на Европа во однос на финансирањето на високото образование преку процесот на Болоња и стратегиите на Европската комисија.
По презентацијата од ректорот Дика имаше дискусии за достигнувањето на целите особено во однос на изнаоѓањето стратегии кои ќе осигурат финансиска стабилност на универзитетите. Како следна точка на дискусија беше состојбата во нашиов регион.
Дискусиите исто така опфаќаа теми како што се реформите во високото образование; формите и финансиските модели кои претставуваат развој и понуда на квалитет; форми и модели на управување на високообразовните институции; и меѓусебната поврзаност на активностите на предавање и на учење со научното истражување. Еден од главните заклучоци на учесниците беше дека квалитетот во високото образование директно придонесува на економскиот и општествениот развој.
