Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Министерката Едита Тахири одржа предавање на УЈИЕ на тема „Балканските етнички договори за политичка стабилност“

На 5ти мај 2015 год. Министерката за дијалог во Владата на Република Косово,Едита Тахири одржа предавање за студентите и за кадарот на Универзитетот ан Југоисточна Европа во Тетово. Темата на предавањето беше „Балканските етнички договори за одржлива политичка стабилност“.

Зборувајќи за развоите во Косово пред и по војната , таа забележа дека „декларацијата за независност се донесе во координација со сите Албанци во Македонија, Прешевската долина и во Црна Гора “. Таа рече дека дијалогот со Србија , меѓу другото донесе некои добри резултати за Косово со што се продолжи патот кон членство во Евроатланските структури.

Министерката Тахири побара од Владата на Македонија да работи кон имплементација на Охридскиот договор како гаранција за стабилност на државата. Таа објави дека наскоро ќе има заеднички состанок помеѓу Владата на Република Косово и Владата на Република Македонија.

Таа исто така упати порака до албанските лидери во Македонија. „Лидерите на албанските политички партии од Македонија треба да се соединат за имплементацијата на Охридскиот договор. Јас ја упатувам оваа порака затоа што неколку години по војната во Македонија, Охридскиот договор се уште не е целосно имплементиран“. Министерката Тахири ги даде овие коментари по поставените прашања од студентите кои присуствуваа на предавањата.

Советникот на ректорот за односи со јавност и комуникација, Демуш Бајрами рече дека министерката Едита Тахири има богата политичка кариера, која започнала во текот на тешките години од српската окупација на Косово. Таа е една од клучните актери на политичките промени во Косово и во регионов на југоисточна Европа од крајот на студената војна и таа е една од основачите на движењето за независност на Косово – демократската лига на Косово.

Google+