Саемот го отвори ректорот на Универзитетот , проф. д-р Замир Дика оценувајќи го како многу важен настан.„Со оваа организација ние докажуваме дека градиме стандарди и квалитет за да се задоволат потребите на економијата со кадар здобиен со знаења, компетенции и вештини за да се натпреваруваат на глобалниот пазар на трудот. “ рече ректорот Дика.
На церемонијата присуствуваше и министерот за образование на Република Македонија, г. Абдулаќим Адеми кој рече дека Саемот за кариера придонесува за взаемна соработка меѓу универзитетите и деловната заедница. „ УЈИЕ образува и подготвува способни кадри за потребите на глобалниот пазар“ рече министерот Адеми.
Саемот го поздрави и претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија , г. Мендерес Кучи кој рече дека датумот на Саемот се совпаѓа со 10 годишнината од комората и нивното учество укажува на важноста кои тие ја даваат на овој Саем.
Во рамките на активностите Центарот за кариера организираше тркалезна маса на Факултетот за бизнис и економија со претставници од компаниите, студентите и администрацијата на УЈИЕ. Целта на овие дискусии беше да се добијат повратни резултати од работодавците, студентите и под претставниците на факултетот за подобрување на областите и продлабочување на она што студентите треба да го научат.
Саемот за кариера беше добра можност за студентите да се сретнат со потенцијалните работодавци и да ги дискутираат можностите за вработување, да бидат ангажирани како стажанти и да ги дискутираат соодветноста на нивните квалификации и вештини со барањата на пазарот на трудот на посебните компании и агенции.
На Саемот на кариера на УЈИЕ учествуваа околу 40 познати компании од Македонија.
