И двата факултети се согласија на следново: да организираат летна школа 2016 која ќе се одржи во Тетово а на која ќе учествуваат студенти од Германија и од Македонија; да ги евалуираат тековните студиски програми интегрирани со практика и двојните студиски програми за студентите од Македонија; да реализираат размена на предавања, студенти и административен кадар од УЈИЕ.
Состанокот го организираа проф. д-р Еволд Митештад, одговорен за претприемништво, образование и за истражување и на овој состанок присуствуваа проф. д-р Норберт Маркс, советник за студиските програми интегрирани со практика и проф.д-р Бесник Фетаји, од Универзитетот на Југоисточна Европа, како и претставници од Универзитетот во Мешед проф.д-р Клаус Шустер, ректор, проф.д-р Пол Гроној член на академскиот центар за двојни студии и образование, проф.д-р Мартин Ботек одговорен на центарот за истражување за комуникациски услуги и апликации, г-ѓа Дагмар Перицонус одговорна на канцеларијата за меѓународни односи и Кристијан Клет, одговорен на канцеларијата за односи со јавност.
Во рамките на посетата проф. д-р Бесник Фетаји одржа предавање за германските студенти во однос на економијата во Македонија.
