На главната презентација која се одржа во големиот амфитеатар, матурантите беа запознаени со академската понуда од Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) за новата академска 2015/2016 година.
Советникот на ректорот Демуш Бајрами, истакна дека денес има многу достапни опции, но ние мора да дадеме приоритет и признание на репутацијата на Универзитетот, квалитетот на студиските програми, инфраструктурата, мобилноста и атрактивната локација на Универзитетот.
Владимир Радевски, директорот на Кампусот на УЈИЕ во Скопје, рече дека Кампусот е добра можност за студии затоа што обезбедува различни мултикултурни и мултијазични содржини.
Проректорот за меѓународни односи, проф. д-р Блерим Река ја истакна важноста од поголемото пријавување од матурантите за понудите за стипендии за оваа година со што сите матуранти со просек на оценки 5.00 ќе добијат целосна стипендија која покрива 50 проценти од школарината. Оние ученици кои имаат просек на оценки над 4.5, но понизок од 5.0, ќе добијат стипендија која покрива 30 проценти од школарината.
Заменик-претседателот на Студентскиот парламент и асоцијација, Фуад Јонузи го презентираше искуството на УЈИЕ пред матурантите и рече дека дипломата од Универзитетот ги отвора вратите кон Европската перспектива и ги доведува студентите поблиску до глобалниот пазар на трудот.
Во рамките на прославите за Отворен ден, факултетите од УЈИЕ ги презентираа студиските програми и студентите одржаа различни студентски активности. Одделот за спорт на УЈИЕ ги организираше финалните натпревари во пинг –понг и велосипедската тура низ Скопје.
Универзитетот со гордост бележи дека матурантите покажале голем интерес за понудата на студиските програми на УЈИЕ за следнава академска година.
