Матурантите, родителите, професорите и сите заинтересирани во текот на Отворениот ден имаа можност од блиску да се запознаат со академската понуда на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) за новата академска 2015/2016 година и со придружната инфраструктура која Универзитетот ја поседува за меѓународни стандардизирани студии.
Ректорот Дика додаде дека „Универзитетот има обврска да понуди и да обезбеди на новата генерација капацитети, вештини и знаење со цел тие да бидат конкурентни на глобалниот пазар на трудот. Така, новата реалност во Југоисточна Европа преку напредното универзитетско знаење неопходно мора да ги смени сегашноста и иднината на овој регион претворајќи го во успешна приказна.“
„ Студирањето на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ) значи студирање во привлечна, ветувачка и одговорна средина на високото образование.Прво, генерациите кои ќе дојдат да студираат тука ќе бидат подготвени со соодветни знаења за пазарот на трудот и само со студиските програми кои ги нуди УЈИЕ можат да се опсервираат академските и културните разлики“, рече меѓу другото на конференцијата за печат ректорот Дика.
Советникот на ректорот, Демуш Бајрами на централната презентација рече: „Оваа година, Универзитетот за прв пат ќе додели стипендии за одличните студенти без тестирање; Директните стипендии се базирани на успехот од средното училиште и студентите со просек на оценки 5.00 ќе добијат целосна стипендија, која покрива 50 од школарините. Оние студенти кои имаат просек на оценки над 4.5, ќе добијат стипендија која покрива 30 проценти од школарината. Дополнително на ова, идните студенти ќе имаат и друга финансиска поддршка преку различни програми кои ги обезбедуваат меѓународната заедница и деловната заедница. Програмата за работа и студии е уникатно искуство каде покрај финансиското олеснување студентите се здобиваат со работно искуство во службите на Универзитетот; финансиско олеснување за 2ор и 3ет студент од исто семејство“.
Во рамките на овој настан се одржаа голем број активности како што се Саемот за јазици организиран од Јазичниот центар, активности на студентскиот парламент и богата културно-забавна програма.
