На овој натпревар учествуваа тимови од Универзитетот во Тирана, Универзитетот во Корча, Универзитетот во Приштина, Универзитетот АББ во Косово, ДУТ- Тетово и УЈИЕ –Тетово. Универзитетот на Југоисточна Европа заедно со Државниот Универзитет во Тетово овој пат беше технички организатор на овие натпревари.
Во тимската квалификација на прво место беше ДУТ, второ УП и УЈИЕ на третото место.
Натпреварите официјално ги отвори претседателот на Албанскиот национален олимписки комитет Висар Бежани.На овој спортски настан беше присутен и заменик-министерот за образование и спорт во Република Албанија , Рауф Димрај.
Менан Мемеди, одговорен на одделот за спорт изјави:
„Јас сум многу задоволен што дојдовме во Корча, затоа што минатата година им ветивме на учесниците од Корча, имено на Тома Ташо дека следната година универзитетските натпревари ќе се организираат на терените на Бигел-Корча и ние сме тука оваа година.Мислам дека натпреварите беа успешни и имаше голема конкуренција. Имавме натпреварувачи од Косово, Албанија и Македонија.Ние уште еднаш докажавме дека со добра волја и посветеност можат да се направат такви организации и можат да се постигнат извонредни резултати.“
Првите три места на скијачките натпревари во машка конкуренција:
Прво место – ДУТ – Дардан Дехари
Второ место - УП – Дардан Пуповици
Трето место – УЈИЕ – Бесар Иљази
Првите три места на скијачките натпревари во женска конкуренција:
Прво место – Универзитетот во Тирана – Паола Ташо
Второ место – ДУТ- Арбнора Дехари
Трето место – УП – Влора Јашари
