Ректоратот на Универзитетот на Југоисточна Европа на последниот состанок, меѓу другото се фокусираше на неодамнешното одложување на измените на Законот за високото образование од страна на Собранието на Република Македонија.
Пролонгирањето за период од една година е добар чекор и претставува единствена можност за креирање нов Закон за високото образование и соодветно редизајнирање на инструментите за подобрување и за поддршка на квалитетот на високото образование.
Предлагаме да се одвива еден транспарентен и квалитетен процес за постигнување на овие цели, каде што јасно ќе се определи улогата на сите чинители – студентите, претставниците на универзитетите, МАНУ, претставниците од Владата и меѓународните експерти; но и да се запазат роковите и одговорностите на работните групи, начинот на развивање на дијалогот и нивното активно вклучување во процесот.
Универзитетот на Југоисточна Европа изразува подготвеност за свој активен придонес во овој важен процес за иднината на високото образование во Република Македонија.
