Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Заменик-премиерот на Косово, Хашим Тачи, на УЈИЕ во Скопје

Замемник-премиерот и министер за надворешни работи на Република Косово, Хашим Тачи, во четвртокот (22 јануари) на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје, имаше средба со студентите, професорите, публицистите и со новинарите.

На средбата учествуваше и претседателот на Бордот на УЈИЕ, проф. д-р Денис Фарингтон, ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика, и други членови на раководството на УЈИЕ.

Проректорот за меѓународни односи на УЈИЕ, проф. д-р Блерим Река, зборувајќи за важноста на оваа средба и на присуството на г. Тачи, министер за надворешни работи на Косово, на УЈИЕ, рече дека г. Тачи е фактор без кого денес не се реализира ниту еден политички процес во Косово.

Учесниците во дебатата го прашаа заменик-премиерот на Косово за ситуацијата на Албанците тука и во Косово, како и за честите посети на албанските раководители од Албанија и од Косово во Македонија. „Природно е дека имаме усогласување на чекорите на владите на Косово и на Алабанија во рамките братската и институционалната соработка, но и на грижата за Албанците во Македонија, Прешевската долина и во Црна Гора. Ние денеска се согласивме за две значајни одлуки, седница на владите на двете земји и движење со лични карти, без пасоши“, рече Тачи.

Во текот на дебатата на УЈИЕ г. Тачи беше прашан од студентите за политичката ситуација во Македонија и за претставувањето на Албанците во Владата.

„Албанците тука се над 30%, не се малцинство, туку државотворни. Каква и да било влада што е против Албанците е влада против Македонија, зашто оваа држава нема иднина без соработка со Албанците или без нивното одобрување. Во врска со ситуацијата на Албанците, ние денеска сме подобри од кога и да било и треба да го направиме максимумот за да се искористи оваа позитивна клима“, рече Тачи.

Заменик-премиерот на Косово рече дека албанските лидери во Македонија треба да ги преместат партиските седишта во Скопје, за да бидат поблиску до донесувањето одлуки од оваа држава.

Google+