Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се одржаа обуки за професионален развој на академскиот и на административниот кадар

За академскиот и за административниот кадар на Универзитетот на Југоисточна Европа од 20 до 23 јануари во Тетово беше одржана тридневна обука за професионален развој.

Во рамките на обуката се расправаше за следниве теми: Мониторинг и оценување на студентите, Системот на Универзитетот за колегијален мониторинг, Подобрување на успехот во вториот циклус на студиите и новите техники на предавање – и учење, Студентите во центарот на вниманието, Новите законски барања во високото образование итн.

Во своето обраќање ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф д-р Замир Дика, се задржа на претставувањето на достигнувањата на Универзитетот, како и на прилагодувањето на Универзитетот на новите измени кои ги предвидува Законот за висоското образование.

„Поголемиод дел од промените е предвидено да бидат имплементирани од септември оваа година и Универзитетот треба да ги усогласи плановите и програмите со овие измени“, рече ректорот Дика.

„Универзитетот е подготвен во сите аспекти, но главниот предизвик останува одржувањето на стандардите и на мисијата на Универзитетот наспроти законските измени и општествените промени кои се случуваат во Македонија и во регионов“, рече ректорот Дика.

Вреди да се спомне и предавањето во врска со надгледувањето на валоризацијата на студентите на професорот емеритус од Универзитетот на Индијана, Бернд Фишер, кој се задржа на добрите американски и европски практики на оваа валоризација.

Обуките беа реализирани во посебни сесии, прилагодени на потребите на акедмскиот и на административниот кадар. За успешноста на овие обуки се погрижи извршниот советник за квалитет, Хедер Хеншоу.

Посебна обука се одржа за менаџирање на веб-страницата, а на оваа обука учествуваа авторизирани личности зaвеб-содржината на факултетите и на центрите.

Истотака се одржаа обуки и за начинот на употребата и запознавањето со новините на google drive, апликација која овозможува интеракција и неограничен простор за чување на јавните податоци.

Google+