Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се промовираше посебното издание на научниот магазин SEEU Review за Конференцијата во Лондон

Во среда (21. јануари 2014 год.), се одбележи изданието на зборникот на научни трудови од меѓународната конференција „Конференцијата на амбасадорите во Лондон и геополитичките промени на Балканот“, издадена како посебно издание на SEEU Review Том 10 Број 1.

Зборувајќи за ова издание ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф.д-р Замир Дика, ја истакна важноста од оваа публикација бидејќи првиот впечаток кој се наметнува е потребата новите генерации да учат за објективната историја , напишана со силна научна компетенција и релевантни аргументи кои се соочуваат со предизвиците во секое време.

„Авторите претставени во ова издание се од сродни области но не и хомогени во однос на ставовите , затоа што на овој начин се гради оригинална методологија за истражување на минатото, за што е потребно е рационално и неемоционално дистанцирано гледиште кон историјата и настаните “ рече Дика.

Проректорот на УЈИЕ за меѓународни односи, проф. д-р Блерим Река, го изрази задоволство за објавувањето на ова издание на SEEU Review за важниот историски настан за Албанците, на која Албанија беше меѓународно призната како држава , но Албанците беа поделени како нација.

„ Во ова издание за прв пат научни ставови немаат дадено само албански и македонски автори, туку и странски научници и дипломати од ОК, САД, Франција, Полска и Бугарија“, рече проф.Река.

Советникот на ректорот, Демуш Бајрами рече дека публикациите во ова издание го одразуваат развојот на главните настани кои ќе одлучат за судбината на Балканот.

„ На овој начин, геополитичкиот поредок кој се воспостави на Конгресот во Берлин во 1878, во Лондон се замени со нов договор“ рече Демуш Бајрами.

Главен говорник на овој важен настан, професорот од Универзитетот во Индијана Бернд Џ Фишер рече дека е почестен што има удел во ова издание и исто така што е во улога на уредник .

„Албанското национално прашање е едно од најдискутабилните етнички прашања со кои Европа се соочува“ рече проф. Фишер.

Изданието на оваа научна збирка е резултат на двегодишно истражување од 40 локални и меѓународни истражувачи.

Google+