Проректорот за меѓународни односи проф. д-р Блерим Река, го опиша присуството на проф. Реџеп Ќосја како посебен настан нарекувајќи го „ олицетворение на Албанците“
Одговорниот на Катедрата за албански јазик и литература на УЈИЕ проф. д-р Зеќир Кадриу, рече дека Реџеп Ќосја е и останува една од најистакнатите личности меѓу Албанците кој во текот на целиот живот работел и пишувал за Албанците.
„Денес ние промовираме пет книги од академскиот живот на Реџеп Ќосја. Овие книги ќе бидат најголеми дневници не само по волумен туку и по периодот кој го покриваат,“ рече академик Џеват Лоши во тек на промоцијата.
Академик Реџеп Ќосја зборуваше за целта за пишување на овој дневник. „ Технологијата ја врши својата работа.Моите ракописи напишани со пенкало избелуваат и не се лесно читливи. Ова ме поттикна да ги објавам и да ги препишам затоа што верувам дека има достапни докази за подолг временски период .Во овие книги немав предрасуди кон некого туку критикував некои направени дела и ги величав луѓето кои што извршуваа добри и важни национални дела“ истакна Ќосја.
„Дневникот – сведок на историско време“ го покрива периодот од 1966 и се очекува да има уште четири тома. Ова дело е издадено од издавачката куќа „Тоена“ од Тирана.
