Во рамки на одбележување на овој јубилеј се додели и титулата доктор хонорис кауза на г. Назиф Дестани , основач и претседател на компанијата Еколог Интернешенл и се промовираа најновата генерација доктори на науки кои дипломираа на УЈИЕ во академската 2013/2014година.
Резимирајќи ги достигнувањата , ректорот на УЈИЕ проф.д-р Дика рече дека „ не беше воопшто лесно од идеја до реализација и ние сите моравме да се соочиме со многу предизвици , кои заедно да ги надминавме и стигнавме онаму каде што сме “.
„Пред тринаесет години се избра модел на високоонразовна институција со која не само шт се формализира употребата на албанскиот јазик туку и се обезбеди терцијално образование споредливо со трендовите на меѓународното образование, отворено за сите студенти без оглед на нивниот јазик на студии“ , рече ректорот Дика.
„Како посебен предизвик за УЈИЕ, ректорот Дика ја спомена модернизацијата на Универзитетот и усовршувањето на системот за учење меѓу младите генерации повикувајќи ги да бидат партнери со УЈИЕ со цел да го достигнат врвот на успехот преку студирањето на овој Универзитет“.
„ Така, со нашите заложби за поголем процент на млади луѓе кои не се заинтересирани да студираат ние треба да изнајдеме начин да ги поттикнеме интересот и постојниот потенцијал на младите во училница со тоа што ќе ги поканиме да бидат наши партнери на патот на учењето“ , рече Дика.
„ Јас верувам дека со покажаниот успех и резултатите со студентите овој Универзитет ќе продолжи како бренд и дополнително ќе инвестира за напредок во деловните сегменти, затоа што тие се клучни за подобрување на економијата и за намалување на невработеноста и привлекување директни странски инвестиции“ рече во оваа прилика премиерот на Македонија, Никола Груевски .
Овогодинешниот лауреат Назиф Дестани , во неговиот говор рече дека е почестен со оваа титула и ја изрази неговата желба да работи и да не се изложува во јавност.
„Ова е голема чест за мене и за моето семејство. Компанијата Еколог Интернешенл продолжи со поддршка на образованието на младите и во иднина“ , рече Дестани .
Годишнината на Универзитетот се одбележи со пуштање во употреба на најголемата постројка со биомаса - пелети со која се замени нафтата како средство за греење „Ние ја поздравуваме идејата на Универзитетот на Југоисточна Европа за употреба на обновливи извори на енергија со која практично се имплементираат делувањата од Планот за Кампус со ниска емисија на гасови кој се очекува да придонесе дури и симболично за намалување на последиците од климатските промени за кои се неопходни процедури и иновативна технологија “ рече министерот за образование и просторно планирање , Нурхан Ибрахим, кој симболично ја пушти во употреба постројката со биомаса.
