Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Со еколошка акција и научен форум се одбележа Денот на климатските промени

Со еколошка акција и научен форум се одбележа Денот на климатските промени

Во одбележување на Денот на климатските промени -4. Ноември, се вклучи и Универзитетот на Југоисточна Европа. Институтот за животна средина и здравје заедно со студентите, професорите и управата на Универзитетот во вторник (4.11.2014), организираа еколошка акција во дворот на универзитетскиот кампус и научен форум. Акцијата, како што рече ректорот Замир Дика има симболична порака, секој жител, организација или институција со своите постапки да придонесе нашиот град да има почиста животна средина.
Во вториот дел од одбележувањето се одржа научен форум под наслов: Климатските промени и Македонија. Целта на настанот е согледување и актуализација на состојбите со климатските промени во Македонија.

На овој форум учествуваше и италијанскиот амбасадор во Македонија, НЕ Ернесто Белели, кој ја поздрави преземената работа за зачувувањето на животната средина.

Форумот започна со поздравен говор на ректорот, проф. д-р Замир Дика кој како што истакна е привилегиранпоради фактот дека нашиот универзитет станува поврзувачки мост, или најсоодвето место каде се јавуваат иницијативите за животната средина.

Според него, преку ваквите собири се обезбедуваат докази за соодветни делувања во нашата средина, и воопшто во целата планета. Како Универзитет целосно го спроведовме Климатскиот акционен план кој се совпаѓа со политиката за енергетска ефикасност. Наша обврска останува да создадеме еколошката култура и одржување регионален просторен баланс, истакна ректорот Дика во своето обраќање.
Меѓу присутните за оваа проблематика говореше и министерот за животна средина и просторно планирање, Нурхан Изаири кој истакна дека Министерството за животна средина и просторно планирање следејќи ги насоките и барањата на Владата на РМ, а со поддршка на Програмата за развој на ОН и во координација со сите релевантни чинители (министерства, институции, научната јавност, стопанственици, граѓански асоцијации и др.) изработи три национални извештаи за климатски промени.

Министерот уште еднаш, на средбата упати апел до секој поединец за одговорно однесување со животната средина зашто како што истакна, само со заедничка грижа се постигнува резултат.

Google+