Магистратурите круна на истражувачките студии во ЈИЕУ
10 јули 2009
На ЈИЕУ во текот на месеците јуни и јули беа организирани неколку одбрани на магистерски и на докторски тези. Повеќето од тезите привлекоа посебно внимание кај пошироката јавност. „Функцијата на финансискиот менаџмент во создавање квалитативна и конкурентна средина во ЈИЕУ“ беше темата на магистратурата која успешно ја одбрани кандидатот Рашид Емини, а Флора Кадриу ја одбрани магистерската теза „Општествените аспекти на секуларизацијата во РМ “
Темата која беше следена со посебен интерес беше „ Истражување на повратните информации добиени од поправање содржински и јазични грешки и нивното влијание врз подобрувањето на пишувањето на студентите “ на кандидатот Луиза Зеќири. Со голем интерес беше следена и магистерската одбрана на кандидатот Јета Рушиди, со наслов „Влијанието на мајчиниот јазик во пишувањето на странскиот јазик“.
Кандидатот Ибраим Бајрами ја бранеше магистерската теза со наслов:„ Организацијата на ОН и предизвиците на реформирањето, со посебен осврт на Советот за безбедност и Картата на Сан Франциско “.
„Влијанието на јавните инвестиции во зголемувањето на БДП во земјите во транзиција со посебен осврт на Македонија“ беше насловот на магистерската теза која ја одбрани кандидатот Елми Азири.
Ардиан Рамадани ја бранеше магистерската теза ,,Франција и француската дипломатија во периодот на Ришелје”. Кандидатот Илбер Лили ja бранеше магистерската теза со наслов ,,Медиумите во конфликт и пропагандата” . „Влијанието на доктрината на стратешката политика на Турција за Средниот Исток“ e магистерската теза која ja бранеше кандидатот Муамед Али.
Кандидатот Мајлинда Каба ja бранеше магистерската теза со наслов: „Консензуалниот елемент во политичкиот систем на РМ“.
“Историско - дипломатските спорови за Македонија“ e насловена магистерската теза на кандидатот Аделина Лили.
Кандидатот, Надица Ѓошева ја бранеше магистерската теза ,,Приодот на стратегиите за учење вокабулар во новиот учебник New English File”. ,,Дипломатските и воените околности во Косово во периодот 1981-2008” беше темата на магистратура на кандидатот Исак Шерифи.
,,Конзуларните претставништва со посебен акцент на историјата на конзулатите во Битола” беше темата на магистратура која ja бранеше кандидатот Пелумб Абдулаи
Повеќе вести
- Се одржа еднодневен семинар со професори од средните училишта
- Претседателот на Одборот на Универзитетот Клаус Тохтерман се сретна со претставниците на Студентското собрание
- УЈИЕ и честита на ТВ Коха по повод 30-годишнината
- УЈИЕ е на второ место во Северна Македонија според научниот индекс АД заснован на научни перформанси и додадена вредност
- УЈИЕ и медицинското училиште заеднички го одбележаа 7. март
- Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу го посети УЈИЕ
- Посета на Виенскиот одбор за образование на УЈИЕ