Таа ги објасни принципите на универзалност во контекст на француската надворешна политика, таа констатираше дека "човековите права и почитувањето на меѓународното право се основните принципи на универзалноста " изјави Францускиот Амбасадор Ауер во 31 март, 2014 во УЈИЕ во кампусот на во Тетово.
Пред многу студенти и наставен кадар од УЈИЕ, Амбасадор Ауер ги објасни случувањата во светската политика и Балканот во однос на француската дипломатија. Говорејќи за спорот со името меѓу Македонија и Грција, таа истакна дека двете земји треба да најдат компромис за прашањето за името и компромисот да биде прифатен од двете страни.
Говорејќи во однос на нејзината современа доктрина на француска надворешна политика, меѓу другите амбасадор Ауер рече дека дипломатијата не е само наменета за експерти од меѓународни односи , но исто така и за луѓе со економски багаж кои имаат економска моќ преку инвестиции,добри бизниси, добри универзитети , странските студенти и дрг.
Во последното издание на Циклусот Предавање со Дипломати, францускиот амбасадор Ауер објасни дека Франција отсекогаш во светот има мисии за мир и безбедност кога станува збор за ескалирање на конфликти .Во рамките на меѓународните мисии како што се оние во Либија, во Ирак, во Авганистан во Косово, улогата на Франција е воспоставување на мирот и безбедноста во оние држави.Спред неа во ова насока е поставена доктрината на надворешната политика.
Во своето воведно обраќање, директорот на Институтот за Истражување на Универзитетот "Макс ван дер Штул", проф. д-р. Ветон Латифи потсети дека до крајот на Втората Светска Војна изградба на Европа се чини дека е еден од главните принципи на француската надворешна политика. Според него, постојат неколку причини за ова: желбата да се врати мирот и да се обезбеди безбедноста на државите, да се зајакне демократијата на владата и да се изгради Европа една реалност и да ја развијат неа во почитуван политички форум.
