Во организација на Генералниот директорат за истражување и иновација на Европската комисија и домаќин на настанот Министерството за образование на Црна Гора ги спои на едно место министрите за образование и наука на земјите од Западен Балкан како и неколку претставници од Европската комисија и претставници од некои универзитети во регионов и експерти од областа за истражување и европски проекти кои дискутираа за Хоризонт 2020 како на политичко така и на научно ниво.
Генералниот директорат за истражуање и иновација на Европската комисија го вклучи и Универзитетот на Југоисточна Европа на церемонијата на отворање на најновата програма.Директорот на научниот институт „Макс ван дер Штул“ проф.д-рВетон Латифи беше поканет да учествува на конференцијата за промовирање на најновата научна програма на ЕУ Хоризонт 2020.
Главната дестинација на „Хоризонт 2020“ е преку истражувачките проекти да се истакнат предизвиците на животот, безбедноста и животната средина како и да се одговори на економската криза преку истражување на научните проекти и да се зајакне глобалната улога на ЕУ во истражувањето, иновацијата и технологијата. Новата научна програма на ЕУ Хоризонт 2020 ќе се базира на три столба: извонредна наука, индустриско водство и социјални предизвици.
Меѓу другите на настанот се обратија и министерот за наука на Црна Гора (Сања Влаховиќ), министерот за образование и спорт на Албанија (Линдита Никола), министерот за граѓански работи на Босна и Херцеговина (Средоје Новиќ), амбасадорот на Република Македонија во Црна Гора (Александар Василевски), министерот за образование и наука на Косово ( Рам Буја) и заменик-генералниот директор на Генералниот директорат за истражување и иновација на Европската комисија (Волфганг Буртшер) и го поздравија активното учество на регионот во Хоризонт 2020. Учесниците увидоа дека во споредба со претходните научни програми на ЕУ, Хоризонт 2020 има поедноставни правила во однос на пристапот за универзитетите и другите институции во однос на процесот на пријавување.
