Г.Штромајерго информираше ректорот Дика за идната ориентација на политиките за научно истражување на Европската комисија , како и за очекувањата на комисијата во однос на развојот на истражувачките капацитети на универзитетите во иднина.
Делегацијата од УЈИЕ исто така оствари средба ( на 18 и 19 февруари) со други одговорни службеници од директоратот и единиците на Европската комисија кои ја покриваат соработката со земјите од Западен Балкан. Овие состаноци ги споија службениците одговорни за програмите за меѓународна соработка на Европската комисија во областа на високото образование и претставници за прогрмите Хоризонт 2020, Еразмус и Жан Моне. Делегатите на УЈИЕ со нив ги дискутираа можностите кои ги нудат овие програми како и посебните области кои би биле интересни и корисни за УЈИЕ да ги ориентира своите истражувачки капацитети и на кои области да го фокусира својот интерес. Дополнителна тема која се разгледа беа очекувањата кои произлегуваат од овие Европски програми за универзитетите кои учествуваат како што е УЈИЕ; УЈИЕ има посебни карактеристики затоа што е универзитет со статус приватен-јавен, со мултикултурна структура на кадар и студенти и го одржува меѓународното вклучување и постојаната потрага на најновите трендови во високото образование и во научното истражување.
Ректорот Дика ги информираше претставниците на релевантните оддели од Европската комисија за најновите развои на УЈИЕ во однос на интернационализацијата , развојот на истражувачките капацитети на кадарот, обезбедувањето квалитет во предавањето и учењето и максималните напори кои ги презема универзитетот за да ја задржи примарната мисија и дополнително да ги развие своите институционални политики за посовремена улога на универзитетот во мултикултурното општество во Македонија.
