Универзитетот на Југоисточна Европа објавува
КОНКУРС
За програмата за студентска размена ЕРАЗМУС за 3 студенти од Факултетот за биснис и економија кои сакаат да одат на размена во зимскиот семестар на академската година 2012/2013 на Универзитетот за применети науки СМК во Литванија (http://smk.lt/en/).
Конкурсот е отворен до 18 јули 2012.
Формуларот за аплицирање сосе листата на потребни документи, тука вклучувајќи го Договорот за студии, моделот на CV како и останатите детали околу програмата Еразмус, се на овој линк. Ве молиме прочитајте ги предусловите за аплицирање.
Заинтересираните студенти треба да ги достават документите во Канцеларијата за Меѓунардна Соработка секој работен ден од 13-15 часот.