Проектот ќе се спроведува во текот на следните 18 месеци од страна на УЈИЕ како водечки партнер, во соработка со Општина Брвеница, Институтот за развојни политики (INDEP) и „Иницијативата за зајакнување на образованието“ (Education Empowerment Initiative – EEI) од Косово. За време на настанот, учесниците се запознаа со целите и акцискиот план на проектот, а беа потпишани и договорите за партнерство и документите за управувачката структура на проектот.
Во својот поздравен говор, ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Садудин Ибраими, ја истакна важноста на регионалната соработка и инвестициите во енергетската ефикасност и еколошкото образование, како клучни елементи за одржлив развој.
Преку овој проект ќе се поддржат училиштата со модерни решенија за ефикасно греење и мерки за заштеда на енергија, со што ќе се придонесе кон намалување на емисиите на јаглерод, подигнување на еколошката свест и промоција на зелената транзиција во локалните заедници.
Проектот „Green Schools Initiative“ претставува важен чекор кон создавање поодржливи образовни институции и зајакнување на прекуграничната соработка во функција на европските цели за климата и одржливиот развој.
Во УЈИЕ се промовираше прекуграничниот проект -Иницијатива за зелени училишта
19 јуни 2026Денес, во Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), се одржа церемонијата за почеток на проектот „Иницијатива за зелени училишта (Green Schools Initiative-GSI) – Подобрување на енергетската ефикасност, обновливото греење и одржливоста во образованието“ – проект финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА III Програмата за прекугранична соработка Косово – Северна Македонија.
Повеќе вести
- ИЗВЕСТУВАЊЕ
- УЈИЕ го одбележа успешното завршување на Еразмус+ проектот на меѓународен симпозиум во Анкара
- Летната школа „Common Sense Economics“ успешно се одржува на кампусот на ЈИЕУ во Тетово
- Вештачката интелигенција, иновациите и дигиталната трансформација во фокусот на традиционалната обука на кадарот на УЈИЕ
- Пријавување за субвенциониран студентски оброк од 26 до 31 август
- УЈИЕ го поздравува основањето на Здружението на наставници и професори по економија на Северна Македонија
- УЈИЕ го зајакнува партнерството со ZBW – Leibniz Information Centre for Economics