Министерството за образование и наука информира дека од денес е отворена можноста за аплицирање за субвенциониран студентски оброк за студентите што поради каква било причина не се пријавиле или не го оствариле правото преку претходните повици.
Крајниот рок за пријавување преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ е 7 ноември.
По завршување на рокот за пријавување, кандидатите кои ги исполниле условите ќе бидат известени за тоа преку порталот каде што ја поднеле својата апликација. Потоа, потребно е да се регистрираат на активната онлајн платформа на Шпаркасе банка со која МОН склучи нефинансиски договор за реализација на мерката и да ги ажурираат своите податоци на https://netbanking.mk/studentPortal, по што ќе добијат информација преку СМС за точното време и место за потпишување договор за отворање посебна сметка и за подигнување на наменскaта студентскa Visa картичкa за субвенциониран оброк.
Секој апликант кој има потреба од непосредна поддршка при аплицирањето може да се обрати на следниот контакт: so.us@mon.gov.mk или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на Министерството.
Студентите што ќе го остварат ова право, средствата во износ од 140 денари дневно можат да ги користат од понеделник до сабота, за купување храна во маркети, пекарници, ресторани и други правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна.
Можноста за аплицирање ќе биде отворена и секој нареден месец, од 1 до 7, за студентите кои претходно не го оствариле правото од каква било причина, пишува во соопштението од МОН.
Повеќе информации имате на следниот линк