COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Субвенција за дневни оброци на храна за студенти финансиран од МОН

Субвенција за дневни оброци на храна за студенти финансиран од МОН

Со финансиска поддршка од Министерството за образование и наука, редовните студенти од прв циклус (додипломски) можат да станат корисници на субвенција за дневни оброци на храна во износ од 120 денари на ден, односно 2.400 денари месечно

Рок за пријавување

*Право на пријавување во августовскиот рок (од 1-ви до 31-ви август) имаат редовните студенти на прв циклус студии со запишан летен семестар во учебната 2020/21 година.

*Во октомврискиот рок (од 1-ви до 31-ви октомври) право на пријавување имаат:

⦁ новозапишаните студенти во прва година во учебната 2021/22, како и

⦁ студентите кои не го запишале летниот семестар во учебната 2020/21, а ќе го запишат зимскиот семестар во учебната 2021/22 година.

Начин на пријавување

Кандидатите треба да се пријават електронски на следниот линк: https://e-uslugi.mon.gov.mk/.

При пријавувањето, кандидатите треба да ги пополнат обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и потпишани да ги прикачат конелектронската апликација на https://e-uslugi.mon.gov.mk/ преку која се пријавуваат за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк.

Насоки за внесување трансакциска сметка при пријавување за субвенциониран студентски оброк.

Секој кандидат може да ја провери поднесената пријава, во електронската апликација во менито „Мои апликации“.

ВИДЕО-Начин на аплицирање за субвенциониран студентски оброк

https://www.facebook.com/obrazovanieinauka/videos/416240029729436

Повеќе информации може да најдете на следниот линк:

https://mon.gov.mk/content/?id=4174

За дополнителни информации, може да котактирате со Канцеларија за финансиска поддршка (УЈИЕ).

E-mail: financialaid@seeu.edu.mk

Google+