Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

ЕРАЗМУС+ Конкурс

ЕРАЗМУС+ Конкурс

Универзитетот на Југоисточна Европа објавува конкурс за доделување на ЕРАЗМУС+ стипендии за размена на студенти во текот на зимскиот семестар за академската 2019/2020 година.

Листата на универзитетите со сите податоци, вклучувајќи ги и роковите за доставување на документите можете да ја најдете ТУКА.

Формуларот за апликација како и сите потребни информации, ќе ги најдете на:

https://www.seeu.edu.mk/en/current-students/international-relation/outgoing-students-staff


Студентите кои ќе аплицираат треба да ги достават следниве документи:

- Формулар за апликација

- Транскрипта на оценки

- Биографија (CV)

- Потврда за редовен студент

- Потврда за владеење на англискиот јазик или јазикот на кој се одвива наставно-научниот процес на факултетот домаќин.


Процедурата за избор на кандидати ќе се изведе на ниво на Универзитетот , додека основните критериуми за избор на кандидати се :

- академскиот успех(40%),

- владеењето на англискиот јазик или јазикот на кој се изведува наставно-научниот процес(30%) на универзитетот – домаќин,

- мотивацијата од студентите(30%).


Изборот и номинацијата на студентите ќе ги изведе факултетот во соработка со Канцеларијата за меѓународни односи по затворање на Конкурсот.

Заинтересираните студенти треба да ги достават документите кај советникот за студенти на нивниот факултет а електронска копија од документите да испратат до bujar.sinani@seeu.edu.mk.

Google+